Блер: Опасноста од излегување на Британија од ЕУ е реална

Постои реална и присутна опасност политиката на актуелниот британски премиер Дејвид Камерон да ги преиспита позициите на Велика Британија во Европската унија и да ја турне државата кон излез од 27-члениот блок, оцени поранешниот британски премиер Тони Блер.

Тој предупреди Британија ќе направи „монументалната грешка“, која би можела да го загрози нејзиното глобално влијание, доколку и заврти грб на Европската унија.
„Европа е судбина која никогаш нема лесно да ја прифатиме. Но тоа е апсолутно клучниот дел за да нашата држава остане на светска политичка и економска сила“, рече Блер во говорот во Кралскиот институт за меѓународни односи.
„Би била монументална грешка на државниот врв да и го завртиме грбот на ЕУ и да се повлечеме од позицијата на моќ и клучно влијание“, изјави Блер, кој беше премиер од редовите на лабуристите во периодот од 1997 до 2007 година.
Конзервативецот Камерон минатата недела изјави дека го поддржува членството на Британија, но дека не може да прифати „статус кво“ и дека сака „ново решение“ со кои дел од овластувањата ќе и бидат вратени на државата.
Блер оцени дека со ова само се прикрива можното излегување од ЕУ и побара јасно да се дефинира реченицата „преиспитување на условите на членството.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: