Андре Виљаш Боаш одби да ја исклучи можноста за продажба на крилниот играч на Тотенхем, Герет Бејл, и покрај неговата одлична изведба против Ливерпул, каде Тотенхем славеше со 2-1.
Португалскиот стратег беше полн со пофалби за својот фудбалер, но нагласи дека со оглед на понудите кои пристигнуваат за него, ќе биде многу тешко за Тотенхем да го задржи Велшанецот во своите редови. Веб-сајтот goal.com неодамна објави дека Герет Бејл ги извесил челниците на Тотенхем дека сака да замине во Реал Мадрид доколку кралскиот клуб се согласи да ја плати клаузулата за откупување на неговиот договор која изнесува 50 милиони фунти.
“Во моментов игра одлично за нас и секојдневно не зачудува со своите изведби. Му претстои фантастична кариера. Очигледно, Тотенхем сака да го задржи што е можно подолго, но јас сфаќам дека ваквите фудбалери добиваат многу примамливи понуди од големи клубови. Таква е природата на фудбалот во моментов, пазарот е многу важен.” – изјави Боаш.
Во сензационални 30 минути на стартот на мечот против Ливерпул, Бејл асистираше за Арон Ленон да го доведе Тотенхем во водство, а подоцна и самиот го совлада Реина од слободен удар изведен во стилот на Кристиано Роналдо. Виљаш Боаш вели дека Бејл веќе некое време работи на техниката на Роналдо.
Пронајдете не на следниве мрежи: