Ослободен Србин осуден за воени злосторства на Косово

Loading...

Шведскиот суд го ослободи српскиот државјанин Милиќ Мартиновиќ, кој во јануари беше осуден на доживотен затвор поради злосторства сторени на текот на војната на Косово во 1999 година, соопшти шведскиот адвокат Бертил Шултц.

Според адвокатот, Мартиновиќ е пуштен на слобода неколку дена пред завршувањето на жалбената постапка, но се уште не е објавено образложението за ослободителната пресуда.
Милиќ Мартиновиќ (35) беше уапсен во 2010 година во Шведска, каде што е осуден за тешки злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства, обиди за убиства и чествување во убиството на 41 лице во селото Ќушка, на 14 мај 1999 година.
Според изјави на сведоци, тој бил припадник на специјалните полициски единици чија задача била да најдат и погубат „терористи“ во селото.
Мартиновиќ ги негираше сите обвинувања, а неговата одбрана тврдеше дека тој има алиби дека никогаш не бил во наведеното село.

Макфакс

loading...
Loading...