Секси ученичка; рекламата која ја разбесни цела Англија

Loading...

 

Агенцијата која ја смисли оваа реклама, во која девојка во мини здолниште оди во училиште е нападната за поставување на децата во сексуален контекст.

Британска реклама за леб со овошје ги разлути родителите во целото Обединето Кралство.

Агенцијата која ја смисли оваа реклама, во која девојка оди во училиште облечена во мини здолниште е нападната бидејќи ги поставувала децата во сексуален контекст. Што е тоа што е спорно во оваа реклама? Откако нејзиниот помлад брат и кажува дека нивниот татко и забранува да оди така облечена во училиште, девојката го игнорира предупредувањето и излегува од куќата.

Рекламата прикажува разиграна интеракција на типичен ден во семејна куќа и демонстрира разбирање на модерните семејства и нивните потреби.

loading...