Претседателот на Интер, Масимо Морати, застана во одбрана на својот клуб од обвинувањата дека Весли Снајдер е под уцена да прифати намалување на својата плата за повторно да заигра во сино-црниот дрес.
Неразурите го известиле Холанѓанецот дека тој нема да заигра до крајот на сезоната доколку не прифати намалување на платата.
Ова барање наиде на критки од организацијата на фудбалери FIFPro.
“Што се однесува до клубот, ние сме комплетно отворени за играчот, не постои никаква уцена. Ако еден договор е валиден, секако е валидно и да го замолиме играчот за доброто на клубот да го измени истиот. Ова не го менува фактот дека Снајдер во моментов не игра од технички причини. Никој не би сакал да отфрли фудбалер каков што е тој. Неговиот договор е валиден, никој не го присилува на ништо. Снајдер е слободен.” – вели Морати.
“Прашањето дали Снајдер ќе заигра во скоро време треба да му се постави на тренерот Страмачиони. Тој треба да реши дали Снајдер е физички и психички подготвен за игра.”
Пронајдете не на следниве мрежи: