Не знаеме дали е лудост или не, ама еве ботоксот доби и друга намена освен онаа за да изгледате помладо. Имено Американците најдоа друга, попрактична примена на ботоксот.Покерашите ширум Америка се повеќе го бараат „покертоксот“, како што го викаат ботоксот кој ги спречува мимиките на лицето.
– Многу малку луѓе можат да „сложат“ добар покерашки израз на лицето. Оние кои успеат да блефираат, а тоа никој од неговите противници не примети, има голема предност, објасни за „Фокс њуз“ естетскиот хирург, Џек Берди.
Еден третман на „покертоксот“ чини околу 500 евра, а ефектот трае околу четири месеци. Лицата кои го вбризгуваат имаат ист израз на лицето независно од тоа дали се воодушевени, разочарани или налутени.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.