Најновиот, најмалиот член на семејството на Опел, моделот “Адам”, е директен конкурент на “Фиат 500” и другите возила од оваа класа.
Се очекува квалитетот и цената на овие возила да бидат приближно исти, но да погледнеме поубаво за што се работи.
Новиот Опел е малку подобар во поглед на просторноста и перформансите, па затоа и да видиме малку повисока цена за овој автомобил во споредба со онаа на “Фиат 500”, не треба да го сметаме тоа за негативност.
“Адам” е подолг за 15 центиметри, а поширок за 10 центиметри. Ова значи дека внатрешноста на “Адам” ќе биде значително покомотна.
На задното седиште не треба да се очекува комфор, што е случај со сите возила од оваа големина. Истото важи и за багажникот. Сепак, мора да се спомене дека германскиот автомобил воодушевува со можностите за средување на просторот со многу разни комбинации кои ги нуди германскиот производител.
Ниту еден од 30-те автомобили за тест возење не е ист, иако во основата се понудени само 3 степени на опрема – Џам, Глам и Слам. Сите се разликуваат според изгледот, според стилот на уредување.
“Адам” е прв мал автомобил со уред за автоматско странично паркирање, како и за паркирање под прав агол. Има и опција за греење на управувачот, како и мултимедија-уред со технологија на допир. Нуди и “Infinity Hi-Fi” уред и “Flex-fix” носач за велосипеди.
Во почетната понуда се наоѓаат три бензински мотори (1.2/72КС; 1.4/87КС; 1.4/100КС), со можност за Старт/Стоп уред и менувач со пет брзини.
Се работи за современ градски автомобил, па единственото нешто што ни останува под знак “прашалник” е цената. Во Германија моделот ќе се продава по почетна цена од 11.500 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: