Екипите на Цедевита и Лијетувас Ритас, во четврток ќе го одиграат своите натпревари од осмото коло во кошаркарската Евролига.
Цедевита, чии дрес го носат Владо Илиевски и Маркиз Грин, сеуште има шанси за пласман на четвртото место во Ц групата, но доколку хрватскиот тим сака да ги сочува шансите за пласман во Топ 16 тогаш ќе мора да забележи победа над Анадолу Ефес.
Во Д групата, Предраг Самарџиски со Лијетувас Ритас ќе гостува кај Партизан во Белград, мечот е последна шанса за двете екипи да ги сочуваат шансите за пласман во Топ 16, но ним ќе им биде потребен и пораз на Бамберг од ЦСКА.
Во петок, Перо Антиќ со Олимпијакос, во Каунас, против Жалгирис ќе се обиде да го завери пласманот во следната рунда, вториот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, со Фенербахче, ќе гостува кај Реал Мадрид.
Во пресрет на ова коло Уникаха, Жалгирис, Барселона, ЦСКА и Бешикташ обезбедија пласман во Топ 16, додека по осмото коло истото можат да го направат Химки, Панатинаикос, Олимпијакос и Макаби.
Група А:
Химки-Канту
Панатинаикос-Олимпија
петок: Реал-Фенербахче
Табела: Реал 5/2, Фенербахче 4/3, Панатинаикос 4/3, Химки 4/3, Олимпија 2/5, Канту 2/5
Група Б:
Алба-Проком
Макаби-Шалон
петок: Монтепаски-Уникаха
Табела: Уникаха 6/1, Макаби 5/2, Монтепаски 4/3, Алба 3/4, Шалон 2/5, Проком 1/6
Група Ц:
Цедевита-Ефес
Каха Лаборал-Армани
петок: Жалгирис-Олимпијакос
Табела: Жалгирис 6/1, Олимпијакос 5/2, Ефес 4/3, Армани 3/4, Цедевита 2/5, Каха Лаборал 1/6
Група Д:
Бамберг-ЦСКА
Партизан-Лијетувас Ритас
петок: Бешикташ-Барселона
Табела: Барселона 7/0, ЦСКА 6/1, Бешикташ 4/3, Бамберг 2/5, Партизан 1/6, Лијетувас Ритас 1/6.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: