Амнести: И левицата протерува Роми од Франција

Loading...

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл (АИ) апелираше на Франција да престане да протерува Роми и оцени дека и покрај доаѓањето на левицата на власт, таквата пракса добива загрижувачки димензии.

„Иако констатиравме дека во однос на претходните години има напредок во пристап на комуникацијата со Ромите, праксата на насилно протерување продолжува во иста мера“, изјави Џон Далхјузен од АИ.
Според официјалните податоци, во последното тромесечје од Франција биле протерани 5.000 лица.
Се проценува дека повеќето од 15.000 евидентирани Роми во Франција се дојдени од Романија.

Макфакс

loading...
Loading...