Двајца добитници освоиле 550 милиони долари на лото

Две лица поделиле добивка од 550 милиони долари на американската лотарија Powerball, што е рекорден износ во историјата на лотаријата во САД, објавено е на веб страната на организаторот.

За време на извлекувањето, 8,9 милиони играчи освоиле помали износи во вкупна вредност од 131 милион долари.
Страницата на Powerball ги објави добитните броеви 5,23,16,22,29 и дополнителниот број 6.
Во пресрет на крајниот рок за уплата на Powerball, секоја минута ливче уплатувале по 160 илјади Американци, пишуваат американските медиуми.
Добитните ливчиња се уплатени во Аризона и Мисури.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: