Гром удри во авион на „Кроација ерлајнс“,

Вистинска драма се одвивала во авионот на „Кроација ерлајнс“ на летот Загреб-Подгорица, кога во леталото, во кое се наоѓале педесетина патници од Црна Гора, над Херцег Нови удрил гром.

Инцидентот се случил во среда, кога патниците кои седеле до прозорите виделе како громот удира во авионот, а потоа здогледале пламен и почувствувале силни турбуленции.
Подгоричкиот весник „Дан“ пишува дека екипажот се обидувал да ја смири паниката, врисоците и детскиот плач.
Пилотот одлучил авионот принудно да го спушти на дубровничкиот аеродром, каде што мајсторите ја провериле техничката исправност и утврдиле дека леталото не е во состојба да го продолжи летот, бидејќи на трупот била откриена дупка од громот. Патниците со автобус се префрлени до Подгорица.
Весникот пишува дека за време на целиот лет имало силни турбуленции, а летот бил отежнат и заради густата магла и силните удари на ветрот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: