Разбиена група компјутерски измамници

Австралиската полиција открила банда измамници составена главно  од романските граѓани, кои украле лични податоци на околу 30 илјади Австралијци и ги користеле за изработка на лажни кредитни картички, јави во четвртокот агенцијата Fairfax.

Осомничените успеале да пробијат компјутери на повеќе од сто мали и средни компании во Австралија и да добијат пристап до податоците на нивните клиенти. Добиените лични податоци ги користеле за изработка на фалсификувани кредитни картички. Севкупно, според полицијата, измамниците успеале да извршат нелегални финансиски трансакции во износ од повеќе од 30 милиони долари. Картички биле користени во САД, Европа, Јужна Кореја и Хонгконг
Како дел од заедничката операција од страна на австралиската и романската полиција, 16 осомничени членови на бандата измамници се уапсени, а за уште седум други во судовите во Романија се подигнати обвиненија.
Како што јавува агенцијата повикувајќи се на австралиската полиција, меѓу уапсените е и Георге Игнат, осумкратен романски  шампион во борење во грчко-римски стил.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: