Женската тениска организација (WTA) ја избра Американката Серена Вилијамс за најдобра тенисерка во изминатата сезона.
Серена во 2012 година, освои две Грен слем титули (Вимблдон и УС Опен), на Олимписките игри во Лондон освои златни медали во сингл и дубл, а победи и на завршниот Мастерс во сезоната.
Помладата од сестрите Вилијамс сезоната ја заврши со 48 победи и само два порази.
Серена Вилијамс по четврти пат го добива признанието на WTA за најдобра тенисерка на светот, претходно таа за најдобра беше прогласувана во 2202, 2008, 2009 година.
Повеќе титули за најдобра тенисерка во сезоната имаат само Германката Штефи Граф (music) и Мартина Навратилова од Чешка (7).