Џон Крафорд од Окланд со сигурност може да го вброиме во редот на оние фотографи со невообичаени идеи и специфично направени фотографии.
Во временскиот период од 1984 и 1987 година фотографирајќи неколку предели од Нов Зеланд, Крафорд направените фотографии ги “зачинил” со една од најпосебните состојки – неговата тогашна жена, која притоа на секоја од фотографиите е гола со раширени раце и нозе.
Поранешната сопруга на овој фотограф , од љубов кон својот сопруг и неговата пасија кон уметноста направила уште еден чекор повеќе притоа позирајќи гола на секоја од направените фотографии.
Неодамна Џон ја објави својата серија од специфични фотографии, со што покрај убавината на природата во своите фотографии ги вклопува и примесите на женскиот акт.
Сликајќи од птичја преспектива притоа служејќи се со хеликоптер или авион, со претходна дозвола од страна на сопствениците на дел од прекрасните предели, Џон успеа во својата цел предизвикувајќи позитивни коментари и реакции со наравените фотографии.
Како најава од овој фотограф се очекува и следна слична серија на вакви фотографии, но како модел овој пат се наведува неговата дваесетгодишна ќерка Амејлија.
Извор: BLIC.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: