Сколари официјално е селектор на Бразил

Фудбалската конфедерација на Бразил (CBF), соопшти дека Луис Фелипе Сколари се врати на кормилото на националниот тим на оваа земја.

Искусниот стратег на функцијата ќе го наследи Мано Менезес, кој неодамна доби отказ.
Сколари, во 2002 година со Бразил ја освои титулата Светски првак, потоа беше селектор на Португалија, во меѓувреме беше тренер на Челзи, Бунјодкор (Узбекистан) и Палмеирас (Бразил). Сколари во септември доби отказ во Палмеирас, а потоа славниот бразилски клуб испадна од првата лига.
Домашната јавност и навивачите го посакуваа враќањето на Сколари на селекторската функција, со надеж дека на претстојното Светско првенство ќе може да го повтори успехот од 2002 година.
Бразил во 2014 година ќе биде домаќин на Светското првенство, а во 2013 година во оваа земја ќе се одржи Купот на Конфедерации.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: