ФИФА го скрати списокот на кандидати на три фудбалери, фудбалерот на екипата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, и Лионел Меси и Андрес Иниеста од редовите на Барселона.
Во соработка со „Франс Фудбал“, ФИФА соопшти дека Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Андрес Иниеста се трите играчи кои остануваат во трката за престижната награда „Златна Топка“ и титулата за најдобар играч во светот.
Како што и се очекуваше, на скратениот список своето место апсолутно заслужено го најдоа три фудбалери кои веќе неколку години ја импресионираат јавноста со своите игри.
Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Андрес Иниеста се тројцата фудбалери кои се во конкуренција за оваа престижна награда.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: