Руската фудбалска федерација спроведе истрага околу мечот Амкар-Анжи во понеделникот, бидејќи како што големиот број медиуми пренесува едноставно „цел свет се обложувал на гостинот“.
Еден дел од обложувалниците го стопирале обложувањето на овој натпревар, бидејќи растеле сумите за уплата за победа на гостинскиот тим на овој меч.
„Како целиот свет да играше на Анжи“ велат од обложувалниците.
Руската фудбалска федерација спроведе истрага, тврдат дека не нашле ништо сомнително.
„Натпреварот беше натпреварувачки“ се вели во заклучокот на комисијата која ја вршеше истрагата во рамките на Руската фудбалска федерација, а во тоа наводно се сложиле сите членови на оваа комисија.
Интересно, дуелот е решен со гол во продолжението од мечот кога Олег Шатов им донесе победа на гостите со 1-2.
Пронајдете не на следниве мрежи: