Озил во Манчестер Јунајтед?

Според пишувањата на медиумите, се вели дека плејмејкерот на екипата на Реал Мадрид наскоро би можел да премине во тимот на Манчестер Јунајтед.

Според неофицијални информации, за Месут Озил заинтересирани се и останати клубови меѓу кои фигурира и тимот на Ливерпул.

24-годишниот Германец дојде во Реал Мадрид во 2010-тата година, има скор од 17 асистенции по сезона, а постигна 11 погодоци за овој тим на сите натпреварувања.

Оваа сезона Озил не се наоѓа во преден план на Мурињо, па веднаш започнаа шпекулациите околу можно негово заминување од тимот.

Се вели дека Алекс Фергусон е запознаен со целата оваа ситуација и дека размислува за ангажман на Озил.

Пронајдете не на следниве мрежи: