Тренерот на екипата на Манчестер Сити, Роберто Манчини, изјави дека ќе смета на услугите на Марио Балотели и дека не планира да го пушти да си замине од клубот.
Последните неколку месеци на големо се говореше околу тоа дека наводно Марио Балотели би го напуштил тимот на Манчестер Сити во јануари.
Сепак, тие шпекулации беа наводно поради слабата голгетерска форма на Балотели, настаните вон теренот, и слично. Но, Роберто Манчини уште еднаш ја убеди јавноста дека Балотели ќе остане во Манчестер Сити.
„Приказните околу наводното заминување на Балотели од тимот се невистинити, во тимот имаме шест напаѓачи, но и покрај тоа имавме проблеми со постигнување на голови, така да се надевам дека во продолжението од сезоната ќе бидеме подобри по тоа прашање“ изјави Манчини.
Пронајдете не на следниве мрежи: