Младиот Босанец веќе е на листата на желби на голем број фудбалски гиганти во Европа, а потврдата за неговиот раскошен талент е потврдена и по заинтересираноста на Барса.
Имено, веќе долго време се пишува околу некој англиски тим, пред се Манчестер Сити и Тотенхем, а тие пак нудат непристојни понуди за босанскиот интернационалец.
Меѓутоа, и самиот Пјанич потенцира дека не сака да го напушти тимот на Рома, каде што е среќен, и воопшто не размислува за промена на клубот.
22-годишниот фудбалер не ја започна сезоната онака како што треба, како што и самиот признава, меѓутоа, работите се променија, а во моментов е еден од најдобрите играчи на Рома.
Во Барселона со огромен интерес ги пратат настаните околу Пјанич. Неофицијалните информации говорат дека Каталонскиот тим е сериозно заинтересиран за услугите на Босанецот.
Пронајдете не на следниве мрежи: