Ирина Шаек: секси и без да го истакне своето деколте или задник

Руската манекенка Ирина Шаек не само што е позната по своите работни успеси, таа е во врска и со еден од најдобрите фудбалери на светот Кристиано Роналдо.

Со оваа убавица, природата била навистина дарежлива. Прекрасните црти на нејзиното лице навистина ја прават една од најубавите жени во светот. Ирина тврди дека не мисли дека има совршено тело бидејќи и нема омилен дел од своето тело. Иако е голем перфекционист, таа не би подлегнала под нож за да ги среди мааните, но затоа би вежбала многу понапорно.

Таа е голем гурман, и нема намера да се откаже од било какво јадење. Сето тоа таа го компензира со многучасовно вежбање. Оваа сексипилна манекенка почна да се занимава со манекенство релативно доцна. Имено таа почна на 19 години, но многу брзо почна да напредува. До сега два пати ја красела насловната на списанието Sports Ilustrated, но и има снимено многу модни едиторијали и кампањи, како и учествувано во многу видео спотови на познати артисти.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: