Фалкао и дружината гостуваат на „Сантијаго Бернабе“

Неколку интересни пресметки ќе донесе 14-то коло во шпанската Примера, а дербито ќе се одигра во Мадрид, каде ќе се сретнат градските ривали Реал и Атлетико.

‘Кралскиот клуб’ по долги години им гледа во грбот на ‘јорганџиите’ кои во пресрет на дербито имаат осум бодови повеќе на табелата. Натпреварот е исклучително значаен за Жозе Мурињо, кој веќе забележа три порази во сезоната и кој како полека да ја губи контролата врз тимот.
Лидерот на табелата Барселона, како голем фаворит влегува во натпреварот со Атлетик Билбао, чии играчи никако не можат да ја достигнат формата од минатата сезона.
Колото во Примера, во петок ќе го отворат екипите на Осасуна и Рајо Ваљекано. Бодовите и се неопходни на Осасуна која се наоѓа на претпоследното место на табелата, за разлика од противникот Рајо се наоѓа на високата осма позиција во лигата.
Петок, 30.декември:
Осасуна-Рајо Ваљекано
Сабота, 1.декември:
Хетафе-Малага
Валенсија-Реал Сосиедад
Барселона-Атлетик Билбао
Реал Мадрид-Атлетико Мадрид
Недела, 2.декември:
Гранада-Еспањол
Депортиво-Бетис
Селта-Леванте
Мајорка-Сарагоса
Колото ќе биде комплетирано в понеделник кога својот натпревар ќе го одиграат Севиља и Ваљадолид.

Пронајдете не на следниве мрежи: