И самите изненадени од тоа што го доживеале, службениците на полициската станица во Бромли на Тwitter споделија какво е искуството кога имате работа со не баш толку бистри момци.
Двајца англиски малолетници (17 и 14), кои бегале од полицијата во украдено возило, успеале со забуна да се предадат во рацете на правдата. Имено во намерата да избегаат од полицајците кои им биле зад пети, тие се затрчале во полициска станица.
Необичната приказна започнала околу 3 часот наутро во Лондон, кога полицијата забележала автомобил кој веќе бил пријавен како украден. Полицијата се обидела да го запре возилото, но младите крадци одлучиле да влезат во филм. На нивна несреќа, тие влегле во слепа улица но тоа не бил нивниот последен погрешен избор таа ноќ.
Откако успешно го напуштиле возилото, крадците се обиделе да побегнат трчајќи, меѓутоа тие ја избрале најлошата зграда за да се скријат. Имено тие се сокриле во полициска станица.
Тие биле уапсени веднаш по нивното пристигнување во полициската станица, а деновиве се очекува нивното судење за кражба и низа на сообраќајни прекршоци.
Пронајдете не на следниве мрежи: