Во Јапонија тудниците продаваат 3D модели на нивните неродени бебиња

Идните родители кои не можат да дочекаат да им се роди нивното детенце, сега се во можност да направат тродимензионален модел на своето неродено бебе.

Модел изработен во природна големина, кој се прави во осмиот месец од бременоста со помош на 3D принтер и ултразвучен скенер.

За некои целовкупниот изум изгледа и помалку невкусно, но сепак и покрај невообичаеноста изумот е прилично баран, и би ве чинело цели 800 евра.

Идините родители покрај стандардниот модел може да добијат и помал модел завиткан во посебна обвивка, а за оние кои би посакале малку поевтин спомен на овој единствен период од нивниот живот, ја имаат можноста да добијат и минијатурен модел како привезок за клучеви.

Од декември покрај 3D моделот на целиот фетус, некои од родителите ќе бидат во можност за половина од цената да купат и 3D модел само на лицето од нивното бебе.

Компанијата FASOTEC покрај овој тип на модели призведува и  3D модели на внатрешни органи кои лекарите ги користат за планирање на операциските зафати и обука на студентите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Blic.rs

Пронајдете не на следниве мрежи: