Американката Валери Спурил (60) од Охајо по смртта на својот сопруг дознала дека тој всушност и бил татко. Шокантното откритие и го променило животот, а се било откриено со ДНК тест по смртта на сопругот Перси.
Мајката на три деца и баба на осум внуци сега се обидува да ги пронајде своите браќа и сестри.
“Морам да дознаам кои се, оваа приказна мора да биде раскажана затоа што децата треба да знаат од каде доаѓаат. Знам дека е болно, мене сознанието ме скрши.” – вели Американката.
Валери била одгледана од своите баба и дедо, нејзината мајка Кристин била девојка за придружба, и иако ја посетувала, Валери сметала дека жената е само семејна пријателка.
Кога наполнила 9 години, Валери дознала дека човекот кој се грижел за неа не и е татко, туку дедо. Но, ни тогаш не дознала кој и е биолошки татко.
На 15 години го запознала Перси, за кој и се омажила. Откако тој починал во 1998 година, чула секакви приказни за нивната врска. Вистината и ја открил нејзиниот вујко и откако добила резултати од ДНК анализата, доживеала шок – таа била неговата ќерка.
Валери не е сигурна дали покојниот сопруг знаел дека се оженил со својата ќерка, но постои сомнеж дека знаел и дека се плашел да ја открие вистината. Непознато е колку деца имал пред бракот со Валери. По откритието, Валери постојано оди на сеанси кај психолог.
“Мојата најголема цел е да ги пронајдам сите свои сестри и браќа и да им кажам дека мајка им ги сакала.” – рекла Валери.
Пронајдете не на следниве мрежи: