Џо Џексон, таткото на Мајкл Џексон, доживеал мозочен удар и се наоѓа во болница во Лас Вегас.
Адвокатот на семејството Џексон за Ројтерс изјави дека 83 годишниот Џо се чувствува добро и дека е надвор од животна опасност. На Џо Џексон ова не му е прв мозочен удар, а последниот го доживеа шетајќи се низ паркот.
Главата на музичкото семејство Џексон работеше како работник во челичана во Индијана, но тоа не му пречеше своите надарени деца да ги насочи кон музиката. Беше творец и менаџер на семејниот бенд Џексон 5 на почетокот на 60-сетите години на минатиот век и во голем дел влијаеше на формирањето на кариерата на покојниот Мајкл Џексон.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: