Али Афифи (27), млад Египќанин кој чувствувал вина поради тоа што не можел да престане да краде, си ги отсекол рацете. Афифи истакнал дека на тој начин “ги спречувал своите демони да го тераат да прави гревови”. Тој сакал да му докаже на Бога дека искрено се кае поради кражбите.
Пред 2 години, Афифи ја поставил својата лева рака на шини и чекал да налета воз. Тогаш на тој начин се казнил самиот себе поради кражбите. Меѓутоа, неговиот метод на самоказнување не успеал, затоа што тој продолжил да краде, па затоа тој решил да си ја отсече и десната рака.
Пронајдете не на следниве мрежи: