Од куќата на Велимир Бата Живоиновиќ во Корачица, засега сеуште непознати лица украле две пушки, пиштоли и голема количина на златен накит.
Сопругата на Бата, Лула Живоиновиќ, случајот го пријавила во полиција, а околните жители за медиумите изјавија дека им е навистина неразбирливо како може некој да се осуди на такво дело во моменти кога Живоиновиќ се бори за својот живот.
Велимир Бата Живоиновиќ во јули месец оваа година доживеа тежок мозочен удар, од кој по подолг период се труди да заздрави притоа лекувајќи се во повеќе здравствени установи и бањи.
Во моментот своето заздравување го продолжи во својот дом во Белград, и се чувствува многу подобро
Извор: Trojka.rs
Пронајдете не на следниве мрежи: