Турската полиција уапсила човек затоа што, според зборовите на негов роднина, силувал патка додека ноќевал во нивната куќа.
Злоделото се случило во Бурса, која се наоѓа во регионот на Мармарис, а локалните весници пишуваат дека овој 50-годишен маж бил задржан во полиција, откако утрото кај него биле пронајдени крв и пердуви од патка.
Во изјавата на роднината се наведува дека патката не можела да оди, додека маицата со крв била пронајдена наредното утро покрај дрво.
Поради сево ова, патката морала да биде оперирана неколку пати затоа што имала сериозни внатрешни повреди. Нејзината состојба за сега е стабилна, а за неа се грижи локален ветеринар.
Се надеваме дека турскиот монструм ќе ја добие заслужената казна…
Пронајдете не на следниве мрежи: