Големата чест да го носи македонското знаме и да биде предводник на македонската делегација на Олимписките игри во Лондон, Македонскиот олимписки комитет му ја укажа на пливачот Марко Блажевски.
Токму тој во петок навечер во Лондон ќе биде на чело на четиричлената македонска делегација.
-Не го очекував ова, ова е голема чест за мене и нешто што многу ми значи, е изјавата на Блажевски.
Марко Блажевски ќе настапи во дисциплината 400 метри мешано, а покрај него во Лондон ќе патуваат уште и Симона Маринова (пливање 800 метри слободно), Христина Ристеска (атлетика, 400 метри) и Кристијан Ефремов (атлетика, 400 метри).
Македонија по шести пат ќе се најде на Олимписки игри, а носители на македонското знаме претходно беа Владимир Богоевски (Атланта 1996), Лазар Поповски (Сиднеј 2000), Благоја Георгиевски Буштур (Атина 2004), Атанас Николовски (Пекинг 2008).
Пронајдете не на следниве мрежи: