Родители од Кина за само 10 години останаа без својата ќерка (15) и син (18) кој починал од леукемија. Скршени од болка, родителите не можеа да си дозволат уште едно дете да ги напушти, па затоа својот син цели 6 години го чуваат во замрзнувач…
Таткото ги изгуби своите две деца за период од само 10 години. Очаен, тој одлучил да го чува телото на својот син во замрзнувач затоа што не можел да го преболи. Како што тој изјави, во договор со неговата сопруга, тие го чуваат телото на синот со цел да можат понекогаш да разговараат со него и да го гледаат како спие.
Неговата ќерка (15) еден ден се вратила од училиште и изненадно се онесвестила. Во текот на падот таа ја удрила својата глава и умрела на самото место. После 9 години, нивниот син започнал да оди на факултет, а воедно во тој период му дијагностицирале леукемија во последен стадиум. Очајните родители се обиделе да направат се за да го спасат својот син, меѓутоа тој набрзо починал.
Бидејќи не можеле да преживеат толку голема болка, родителите се согласиле телото на синот да остане во замрзнувач. Таткото вели дека таа болка не може да се опише. Единствено што посакувате во тој момент е вашето дете да биде сеуште покрај вас…
Телото на нивниот син го чуваат цели 6 години, а велат дека со време целата ситуација им станала нормална бидејќи тоа бил единствениот начин да се соочат со неверојатната болка.
Соседите и нивните пријатели веќе ги избегнуваат, бидејќи целата ситуација за нив била премногу морничава. Родителите на тоа велат дека не може никој да ги суди, кој не знае каква болка е да изгубиш свое дете…
Пронајдете не на следниве мрежи: