Си го продала бебето за 70евра

Loading...

Индијката Ракхи Патра барала пари со изговор дека и се потребни за адвокатот на својот сопруг кој е во затвор. Меѓутоа таа сите пари ги потрошила на гардероба и нов мобилен телефон.

 

Имено, Патра својот син го продала за нешто повеќе од 70 евра. Детето е пронајдено во друго семејство од каде за многу брзо време е одземено. Полицијата и го вратила детето на својата биолошка мајка, но таа не сакала да го земе назад. 

Мајката се правдала дека детето го продала за да ангажира адвокат за својот сопруг кој е во затвор. Меѓутоа со истрагата е потврдено дека Индијката сите пари ги потрошила на гардероба и нов мобилен телефон. Грижата за детето е препуштена на социјалната служба.

loading...