Словенечкиот премиер Јанез Јанша предупреди дека Словенија може да почне да се движи кон „грчкото сценарио“ ако продолжат уличните протести со елементи на насилство, отворено алудирајќи на протестите во Марибор и Љубљана.
„Наместо интересен двобој на кандидатите од кои очекувавме предлози за подобра иднина со кои ќе конкурираат пред гласачите, само неколку дена пред гласањето вниманието на јавноста е свртено на друга страна“, наведува Јанша и додава дека тоа го потсетува на изборите во 2004 година кога неговата партија победи на изборите, но на денот на победата од неразбирливи причини штрајкувале новинарите бидејќи победата на десната опозиција „не смеело да биде главна тема“.
Во изјавата што во четврток во доцните вечерни часови ја објави неговиот кабинет, а во пресрет на демонстрациите најавени за петок попладне во Љубљана на кои групи од Фејсбук најавуваат дека ќе бараат негова оставка, словенечкиот премиер предупредува дека Словенија заради кризата веќе е „натопена со бензин“ кој лесно може да го запали „секое чкорче“.
Јанша оценува дека насилствата и организираните групи кои ја нападнале полицијата на демонстрациите, и штетат на државата и сакаат да ги оневозможат потребните реформи за излез од кризата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: