Во последните неколку дена не сте расположени за секс, па затоа сигурно и се запрашувате во кого е проблемот, дали во вас или можеби вашиот партнер.
Но, сепак постои голема веројатност вината да ја пронајдете во сосема трета причина.
За да не би се запрашувале кои се тие причини, во прилог прочитајте ги неколкуте можни навики кои се потенцијални убијци на вашиот сексуален живот.
Сон – Секако квалитетниот сон е еден од побитните фактори за заштита на здравјето, но прераното одење во вашиот кревет сепак има негативно влијание на вашето либидо. Научниците потврдија дека најголемиот сексуален нагон на жените е во временскиот период околу 23.00 часот, што и би била одлична причина за да би останале уште малку повеќе будни од планираното.
Телевизија – Оние луѓе кои веруваат во нереалистичните сценарија прикажани на тв-екраните, своите партнери докажано ги сметаат за помалку привлечни. Не ја уништувајте романтиката во вашата спална соба притоа напразно постојано гледајќи во вашиот тв применик.
Мобилен телефон – Покрај телевизијата, на вашиот сексуален живот негативно влијание имаат и мобилните телефони. Истражувањето направено во 2011 година, ги потврди искажаните претпоставки, со кои една третина од луѓето повеќе би се откажале од сексот на една недела, отколку од својот мобилен за истиот временски период.
Премалку посветеност кон вежбањето – Избегнувањето на теретаната може и д не биде така страшно, но доколку го правите тоа пречесто, вашето либидо ќе биде многу помало за разлика од оној случај кога сте посакувале да вежбате. Според истражувањата направени на одреден број испитанички во Тексас, оние жени кои редовно практикувале секојдневни вежби за своето тело, по прикажувањето на еротски филм, биле многу по расположени и возбудени за секс, за разлика од оние кои воопшто и не практикувале некаква физичка активност.
Facebook – Иако се чини како неопходна забава и навика, сепак докажано е дека оние кои се корисници на Facebook се понесреќни и помалку задоволни од својот живот, за разлика од оние кои немаат свој профил на оваа друштвена мрежа, со што се подразбира и самото влијание на вашиот сексуален живот од зависноста кон оваа друштвена мрежа.
Извор: Indeх.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: