Еден од најраните преостанати постери на дизниевиот лик Мики Маус е продаден за повеќе од 100 илјади долари на наддавање организирано од аукциската куќа Heritage.
Ликот на Мики Маус (Mickey Mouse) е креиран од Волт Дизни во 1928 година, а постерот во боја го прикажува насмеаниот Мики кој мавта со раката во ракавица рекламирајќи „Анимиран филм Мики Маус со звук“ со слоганот „Најсмешниот лик од цртаните на светот“.
Постерот е продаден на аукција во Далас во четвртокот за 101.575 долари, а купецот останува непознато.
Мики Маус стана еден од најпознатите анимирани ликови и симболи на компанијата „Walt Disney“
Макфакс