Секси пејачката Џенифер Лопез ќе мора да го смени својот стајлинг за престојните концерти закажани за овој викенд.
Таа е позната по тоа што ги прави нејзините концерти ноќи за паметење поради нејзината провокативна облека и секси потезите при танцување. Но деновиве Џеј Ло ќе настапи во Индонезија и Малезија, две мусиламнски земји, во кои не е дозволено вакво покажување во јавноста.
Чаир Ибрахим, менаџерите на Dyandra Promosindo, еден од промотерите на шоуто Џакарта го изјави следново: “Џенифер мора да се облече ако сака да настапи. Нејзините менаџери не прашаа дали може да го танцува нејзиниот препознатлив танц, но не се согласивме ниту на тоа. Веруваме дека тоа нема да биде добар пример за нашата младина.”
Пронајдете не на следниве мрежи: