5те најлоши купувања на Челзи од доаѓањето на Абрамович

Кога Кен Бејтс го продаде Челзи на рускиот милијардер Роман Абрамович за 140 милиони фунти во 2003, во Англија започна нова ера – Петродолар Премиер Лигата. 

Во помалку од 10 сезони, Абрамович потроши 86 милиони фунти на тренери и 683 милиони фунти на 62 фудбалери. 

Тоа е доволно за неколку супер-јахти. 

Сепак, не може да се каже дека сите одлуки на Абрамович за купување на фудбалери биле добри. Еве 5 фудбалери кои не ги оправдаа парите кои беа потрошени за тие да заиграат на Стемфорд Бриџ. 

 

5. Хуан Себастиан Верон – 15 милиони фунти, 2003/2004

Фановите на Манчестер Јунајтед не можеа да ја сокријат радоста кога на Олд Трафорд беше донесен Верон од Лацио за рекордни 28.1 милиони фунти во јули 2001 година. 

Набрзо стана очигледно дека Верон не се вклопува во средината на Црвените Ѓаволи, па беше испратен во Челзи за 15 милиони фунти 2 сезони подоцна. 

За жал, Верон се покажа подеднакво лошо во Челзи. Тој одигра само 7 натпревари, при што постигна само еден гол, а потоа беше испратен на позајмица во Интер и во Естудиантес. 

 

4. Калид Буларуж – 7 милиони фунти, 2006/2007

Калид Буларуж, кој носеше прекар “Калид Човекојадецот” поради својата агресија во играта, пристигна во Лондон во август 2006 година, каде повеќе не ги “јадеше” своите противници, туку само парите на Абрамович. 

Тој го доби дресот со број 9, кој претходно го носеше Ернан Креспо, а кариерата ја започна со неколку добри изведби во Лигата на Шампиони. 

Како и да е, не успеа да добие место во одбраната покрај Џон Тери и Рикардо Карваљо. Одигра само 13 натпревари, а потоа беше испратен на позајмица во Севиља. 

 

3. Андриј Шевченко, 30 милиони фунти, 2006/2007

Роман Абрамович потроши големи пари и вложи многу напори за да го доведе Шевченко од Милан, каде што Украинецот стана најдобриот фудбалер во светот и ја освои Лигата на Шампионите. 

Шева конечно пристигна во мај 2006, за рекордна сума во Англија, но не успеа да ја пронајде формата по која беше препознатлив во Серија А. Постигна само 9 голови во 2 сезони, по што беше испратен на позајмица во Милан. 

Тоа значи дека на Шева му биле платени околу 3.3 милиони фунти (плус плата) за секој гол. 

 

2. Адриан Муту, 15.8 милиони фунти, 2003/2004

Романскиот напаѓач Адриан Муту изгледаше како одличен трансфер на стартот на сезоната 2003/2004, особено со оглед на фактот што успеа да постигне 4 голови во првите 3 натпревари. 

Сепак, неговиот однос со Мурињо се распадна, а тоа успеа да постигне само уште три голови во наредниот период, пред да добие позитивни резултати за употреба на кокаин во октомври 2004. 

Муту беше казнет и доби забрана за играње цели 7 месеци, а по долгата правна битка со клубот, мораше да плати 17 милиони евра оштета на Челзи. Во моментов Муту игра во француската лига, во дресот на Ајачо. Муту постојано апелира на казната, а Абрамович сеуште ги чека своите пари. 

 

1. Фернандо Торес, 50 милиони фунти, 2010/2011

Кутриот Фернандо Торес. Шпанецот дојде од Ливерпул во јануари 2011 година, за рекордна сума од 50 милиони фунти, а со тоа на себе превзема огромен товар. 

Напаѓачот постигна само еден гол во својата прва сезона во синиот дрес, а во наредната постигна само 6 голови. Ако Рафа Бенитез не успее да го врати во формата која тој ја имаше во Ливерпул, “El Nino” би можел да стане еден од најпреценетите трансфери на сите времиња. 

Пронајдете не на следниве мрежи: