Во Германија наскоро закон со кој се забранува половиот однос со животни

Во Германија наскоро се планира да биде изгласан законот со кој се забранува секс со било какво животно, закон кој предизвика бурни реакции од страна на оние за кои е сосема нормално секусалното задоволување со животно, притоа сметајќи дека тоа не е злоупотреба, туку нормален “партнерски однос”.

Владеачката германска коалиција најави скоро изгласување на овој закон со кој би се забранил секој вид на полови односи со животните.

Германија е една од оние земји во коишто уште во 1969 година законот со кој се овозможува овој непормислен акт е и официјално изгласан, притоа казнувајќи се она дело само кгоа на животното му се предизвикуваат “сериозни повреди” во текот на сексуалниот чин.

По законот кој ќе биде усвоен по иницијатива на бројните здруженија за заштита на животните, и чија цел е јасно да се дефинираат сите оние нешта кои треба да се забранат, сите оние кои ќе се обидат да го прекршат ќе се соочат со парична казна од 25.000 евра, како и товарење за кривично дело притоа предизвикувајќи “активност која е нетипична и недозволива“.

Сепак иницијативите за покренување на овој закон се соочија и со жестоко спротиставување од страна на “Зоофилската акција за толеранција и инфромации“, притоа тамошниот директор на ова здружение истакнувајќи дека законот и казните се непормислени се додека не се истакнат конкретни докази со кои им се наштетува на животните при половите односи.

Извор: radiosarajevo.ba

Пронајдете не на следниве мрежи: