Тинејџерка од Турција се породила сред улица а “не ни приметила”. Имено, Турчинката се породила додека шетала по улица со родителите. Во следниот момент бебето се тркалало по бетонот а девојката продолжила да оди не обрнувајќи внимание.
Снимките на безбедносните камери покажуваат дека нешто паѓа од фустанот на девојката и останува на бетонот. Девојката само се завртела, сите тројца виделе што се случило и продолжиле да одат.
Минувачите кои ја затекнале крвавата сцена панично почнале да бараат помош. На крајот на снимката се гледа дека доаѓа итна помош која го зема детето.
Медицинскиот персонал утврдил дека бебето е родено порано, и за среќа преживеало. Турчинката наводно рекла дека не ни знаела дека бебето испаднало од неа, мислила дека се работи само за крв.
Пронајдете не на следниве мрежи: