Пред децата го убил нивниот домашен миленик

 

Во неделата околу 20 часот, жителите на улицата Лазар Кујунџиќ, Белград, останаа шокирани од грозоморниот настан кој се случил пред нивните очи.

Имено полицаецот од локалната полициска станица пред очите на насобраните малолетни дечиња со пиштол го ранил, а потоа и усмртил домашното милениче на своите деца, кучето по име Боби.

Инцидентот е пријавен во истоимената полициска станица, притоа по направената истрага истакнувајќи се соопштението дека нема доволно елементи за кривична пријава кои би биле доволни за обвинување на полицаецот, со образложение дека обвинетиот убиството го направил поради причина за самоодбрана од кучето кое наводно било познато како “агресивен” миленик.

Меѓутоа сведоците на целовкупниот настан не се согласуваат со произнесената констатација и заклучок, истакнувајќи дека полицаецот е оној кој го поседувал агресивниот пристап, но не и кучето.

Згрозени од одлуката на тамошната полиција, како и целовкупниот настан, жителите на улицата истакнуваат дека сега веќе починатиот миленик на сите, Боби, било сосема здраво, вакцинирано куче кое 12 години било причина за радост како за најмалите, така и за најстарите.

Правдата за немилиот настан овие луѓе сеуште се обидуваат да ја најдат и добијат со помош и на локалните медиуми, како и здруженија за заштита на животните.

Извор: Telegraf.rs

Пронајдете не на следниве мрежи: