Македонските навивачи ќе бидат најбројни во Ниш

Директорот на Европското првенство за ракометарки, Милан Петронијевиќ за Танјуг изјавил дека подготовките за почетокот на натпреварите во Ниш се при самиот крај.

„Можеме да бидеме сигурни дека подготвени ќе ги дочекаме натпреварите во квалификациската група во која се репрезентациите на Данска, Франција, Шведска и Македонија“, изјавил Петронијевиќ.
Директорот на ЕП, дополнил дека поради близината, најбројни ќе бидат македонските навивачи, слично како и во јануари кога машката репрезентација на Македонија мечевите во прелиминарната фаза ги играше во Ниш. Тој верува дека покрај македонските во поголема број ќе бидат и навивачите на Данска.
Петронијевиќ, информира дека во салата ‘Чаир’ ќе има 14 коментаторски позиции, две повеќе отколку што имаше на машкото првенство, додека очекува приближно ист број на новинари како и во јануари.
„Ниш доби највисоки оценки за организацијата на машкото првенство и очекувам тој резултат, кога станува збор за организацијата да го повториме и сега“, рече Петронијевиќ. Натпреварите во Б групата, во Ниш, ќе започнат на 4.декември, Македонија во првото коло ќе игра против Франција, натпреварот ќе започне во 18:15 часот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: