Таа има брада и се гордее со тоа

Loading...

Брадата на машко лице е сосема нормална појава, но што ако не сте маж? Оваа храбра жена стана позната откакосе одлучи да не се бричи и да ја покаже својата несекојдневна брада.36 годишната Siobhain Fletcher веќе со години се бори со претераната влакнетост. Влакната на нејзиното тело почнале да и растат во пубертет. Како и сите мажи, така и таа мора секое утро да ги бричи влакната од своето лице.

Но се се промени кога нејзината пријателка со сличен проблем се откаже од бричењето на влакната со цел да ги подржи ваквите случаи…

 

Siobhain често ја заменуваат за машко, а таа дури 5 години била затворена дома и не излегувала бидејќи не можела да се соочи со другите луѓе. Таа не може својата брада да ја депилира бидејќи има премногу осетлива кожа и затоа восокот не доаѓа во предвид. 

 

Но и покрај се таа сака да им докаже на сите дека луѓето се убави и без влакна, но и со нив. Влакната на нејзиното лице не престануваат да растат, а неодамна и се дијагностицирани полицистични јајници. Таа се обидува да има дете со нејзиниот сопруг, па се надеваме дека ќе ги надминат овие нивни проблеми.

 

Брадата на нејзиното лице но и прекумерната тежина е последица на лачење на премногу машки хормон. Нејзиниот сопруг е цело време покрај неа и ја подржува во се…

loading...