Канадска државјанка обвинета во САД за вмешаност во „еколошките тероризам“ која повеќе од десет години се наоѓа на потерниците на американското федерално истражно биро се предала на FBI, пишува во петокот канадскиот весник Globe and Mail, повикувајќи се на нејзиниот адвокат.
Како што изјавил адвокатот на 39-годишната Ребека Рубин, Иан Доналдсон за весникот, неговата клиентка кој се предала на американските власти во пограничниот град Блејн во американската сојузна држава Вашингтон, била „заморена“ од постојаното бегство и сега има намера делумно да признае својата вина.
Според написот, Рубин била припадничка на илегалните организации „Фронт за ослободување на Земјата“ и „Фронт за ослободување на животните“, инкриминирани за многу случаи на подметнување пожари и саботажи на инфраструктурни објекти во различни сојузни држави во САД во периодот од 1997 до 2001 година.
Во 2007 година, десет лица по слични обвиненија се осудени на затворски казни од три до 13 години, забележува Globe and Mail.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: