(Видео) Океанот покрај плажа во Австралија црвен како крв

Бонди е само една од плажите во близина на Сиднеј која морала да биде затворена за јавноста, откако цветањето на еден вид алги ја обоило водата црвена, по што ситуацијата личела на некоја од сцените на филмот “Ајкула” на Спилберг, или на настанот опишан во Библијата, кога водите на Нил се претвориле во крв. 

Но, и покрај предупредувањата, неколку авантуристи се сликани како се капат во водата. 

Овој необичен природен феномен настанува кога алгите, организми налик на растенија, во текот на цветањето се соединуваат со големи групи на микроскопски растенија кои ги има во разни бои. 

Позната и како “Nocturnal Scintillans” или морска искра, оваа појава не е отровна, но на луѓето им се советува да не се капат во црвената вода, затоа што алгите, кои често содржат многу амонијак, можат да предизвикаат иритација на кожата. 

Британските туристи биле најхрабри во овој настан, и најчесто биле забележувани како се капат. 

“Можеби сум во погрешната земја, затоа што колку што знам Црвеното Море е некаде кај Египет” – вели еден од туристите од Велика Британија. 

Научниците од Нов Велс се обидуваат да откријат зошто дошло до оваа “црвена плима”, затоа што тоа обично се случува за време на пролет или есен, кога температурата на водата е повисока и протокот на струите е поголем. Исто така се претпоставува дека голем број риби исчезнале поради ефектите кои алгите ги имаат на нив. 

Пронајдете не на следниве мрежи: