Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот со убедливо мнозинство го одобри дефакто признавањето на суверената држава Палестина откако палестинскиот претседател Махмуд Абас поднесе нацрт-резолуција за менување на статусот од „ентитет“ во „држава набљудувач нечленка“.
Претседателот на Палестинската самоуправа на Западниот брег, Махмуд Абас, пред Генералното собрание на Обединетите нации повика на Палестина да и’ се даде „матичен лист на родените“ кој одамна „пред точно 65 години“ требало да и’ го дадат, но поголемиот број западни земји порачаа дека ова гласање не треба да се сфати како формално признавање на палестинската држава, бидејќи тоа секогаш е работа на билатералните односи.
Палестинците минатата 2011 година, веќе бараа статус на полноправна членка на Обединетите нации, меѓутоа како што таа процедура мора да мине и низ Советот за безбедност на ОН, нивното барање пропадна поради правото на вето на САД што го има во ова тело.
Оваа победа на Палестинците во ОН претставува дипломатски удар за САД и Израел коишто имаа поддршка од само неколку држави при гласањето против резолуцијата со којашто на Палестина и’ се признава статусот на држава набљудувач нечленка на ОН. Освен САД и Израел во 193-челното Генерално собрание на светската организација против гласаа Чешка, Канада, Панама, Микронезија, Маршалските острови, Науру и Палау.
Во Генералното собрание, од 193 членки, 138 држави, за десет гласови повеќе од потребното двотретинско мнозинство, гласаа за прием на новата држава во членство во ОН. Против беа девет држави, а воздржани 41 земја. Три држави воопшто не учествуваа во гласањето коешто беше одржано токму на 65-годишнината од усвојувањето на резолуцијата 181 со која територијата Палестина беше поделена на засебна израелска и палестинска држава којашто досега не се реализираше.
Меѓу воздржаните беа Македонија, Германија, Велика Британија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словачка, Романија, Унгарија, Естонија, Литванија, Летонија, Полска, Холандија…
Меѓу европските држави американски сојузници, коишто ја поддржаа резолуцијата беа Франција, Италија, Австрија, Белгија, Финска, Данска, Ирска, Исланд, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Украина и Србија.
Велика Британија ги повика САД да го искористат своето влијание за да помогнат во решавањето на долготрајниот застој во израелско-палестинските преговори, а Вашингтон, исто така, повика на обновување на директните преговори, пренесува Reuters.
Резолуцијата е изгласана и покрај заканите на САД и Израел дека ќе ги казната Палестинците со запирање на средствата за палестинската влада на Палестинската самоуправа на Западниот брег. Американските претставници во ОН изјавија дека Израел нема намера остро да одговори се додека Палестинците не го побараат придружувањето на Меѓународниот монетарен фонд каде што би можеле да обвинуваат Израелци, бидејќи не се поднесуваат тужби против држави, за воени злосторства, иако Израел, како ниту САД, Кина и Русија, не е потписник на Римскиот статут со кој се основаше и регулираше овој суд во Хаг.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон го нарече гласањето „несреќно и контрапродуктивно“, додека Ватикан кој досега го имаше истиот статус како сега Палестина, позитивно се изјасни за гласањето. Притоа Светата столица повика на давање меѓународни гаранции за специјален статус на Ерусалим, кого Палестинците го сакаат за свој главен град, додека еврејската држава го прогласи за своја „единствена и историска престолнина“.
Американскиот сенатор Линдси Грахам изјави дека ставува дека Палестинците сега може да ги користат Обединетите нации како политички клуб против Израел.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: