МЗТ без неколкумина повредени на мегдан со Шолнок

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во 11-то коло, во регионалната АБА лига, во сабота ќе играат против унгарскиот Шолнок Олај.

Шолнок, исто како и МЗТ, сезонава дебитира во јадранската конкуренција, по 10 натпревари четиркратниот унгарски шампион се наоѓа на последната позиција на табелата со две победи (Цибона и Сплит) и осум порази.
Стратегот на МЗТ, Алеш Пипан е исклучително претпазлив во пресрет на овој натпревар, предупредувајќи дека позицијата на табелата не го покажува реалниот квалитет на противникот.
„Не чека можеби најтешкиот натпревар во првиот дел од сезоната. Екипата на Шолнок не е воопшто слаба како што тоа изгледа на табелата. Ние се соочуваме со проблеми со повредените играчи, и затоа сите кои што ќе добијат шанса за настап, мора да го пружат својот максимум ако сакаме да дојдеме до победата“, изјави за клупската интернет страница тренерот Пипан.
Словенечкиот стратег се соочува со сериозни проблеми поради здравствениот билтен во тимот, поради повреди на овој меч нема да настапат Кире Николовски (проблем со тетивата), Горјан Марковски (повреда на скочниот зглоб), Тони Грнчаров (повреда на задната ложа), додека неизвесен е настапот на Огнен Стојановски кој го повреди носот непосредно пред дуелот против Задар .
Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Шолнок Олај се игра в сабота со почеток од 20.30 часот.
Покрај овој натпревар, викендов ќе се одиграат и останатите средби од 11-то коло, во дербито ќе се сретнат водечките две екипи Игокеа и Партизан.

Сабота, 1.декември:

Раднички-Задар

МЗТ-Шолнок

Сплит-Будуќност

Недела, 2.декември:

Црвена ѕвезда-Широки

Цедевита-Крка

Олимпија-Цибона

Игокеа-Партизан

Табела: Игокеа 8/2, Партизан 8/2, Црвен ѕвезда 6/4, Будуќност 6/4, Цедевита 6/4, Раднички 5/5, МЗТ 5/5, Крка 5/5, Олимпија 4/6, Широки 4/6, Цибона 4/6, Сплит 4/6, Задар 3/7, Шолнок 2/8.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: