И претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, се вклучи во големиот тим што го повикуваат бразилецот Нејмар да се пресели во Европа.
Скратената листа од три кандидати за титулата најдобар фудбалер беше објавена, на неа го нема бразилското чудо од фудбалер.
Иако многу го поделија мислењето дека Нејмар заслужи да биде кандидат, односно да се најде во друштвото на најдобрите, Блатер му порачува дека тоа тешко ќе го оствари се додека игра надвор од Европа.
„Нејмар е одличен фудбалер, но тешко е да го дадете финалниот избор за играч кој не игра во Европа, фудбалот во Бразил е навистина во високо ниво, но европскиот фудбал и понатаму ги поставува стандардите“ изјави Блатер.
Пронајдете не на следниве мрежи: