Бент не потпишува за Ливерпул

Тренерот на Астон Вила, Пол Ламберт потврди дека не добил никаква понуда за напаѓачот Дарен Бент, а исто така и самиот играч не побарал да биде ставен на трансфер-листата.

Тој исто така потенцираше дека заинтересираниот клуб мора да плати обештетување на Сандерленд од 3 милиони фунти, доколку Бент би одиграл повеќе од 50 натпревари.

„Дали имаше некакви прашања околу Бент? Не. Дали бараше да го ставиме на трансфер-листата? Не“ изјави Ламберт.

Со тоа се чини дека паѓаат во вода сите шпекулации поврзани околу наводниот трансфер на Дарен Бент во Ливерпул.

Пронајдете не на следниве мрежи: