Пасторе и Снајдер ги менуваат дресовите?

Италијанските медиуми шпекулираат дека може да има трампа на играчи на релација Парис Сент Жермен – Интер, а трампата би била наводно Пасторе-Снајдер.

Иднината на холанѓанецот во екипата на Интер е неизвесна, Снајдер е незадоволен, одби намалување на платата, и се шпекулира дека уште во јануари ќе се пресели во некој друг клуб.

Со оглед на фактот што е најплатениот фудбалер во клубот, Интер е спремен да му понуди нов, но со помала плата, но Снајдер одби.

Во текот на летниот преоден трансфер-период се говореше околу можна преселба на Снајдер во англиската премиер лига, но ништо не излезе од сето тоа, а еден од клубовите кои моментално се најзагреани за услугите на Снајдер е тимот на ПСЖ, се шпекулира дека можно е да дојде до трампа на фудбалери, односно Хавиер Пасторе да се пресели во Интер, додека пак Весли Снајдер да се пресели во екипата на ПСЖ.

Пронајдете не на следниве мрежи: