Модриќ го повикува Бејл во Реал Мадрид

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ смета дека Реал Мадрид со Герет Бејл би бил едноставно „незапирлив“.

Лука Модриќ го повика својот довчерашен соиграч да му се придружи во Реал Мадрид и со тоа да му се оствари сонот да заигра во Лигата на Шампионите.

„Знам дека Бејл сонува да заигра на елитната европска сцена и да ја освои Лигата на Шампионите“ вели Модриќ.

„Реал Мадрид е местото каде што можете да ги остварувате своите соништа. Во овој клуб играм со Роналдо кој доволно ме потсетува на Бејл, поради начинот на несопирливост на напади кон голот и поради самодовербата со кои напаѓачите ги напаѓаат своите противници. Кога би дошол во Реал Мадрид, тогаш Реал би бил незапирлив со овој тандем“ изјави Лука Модриќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: